За нас

Другите за нас-уште една поддршка од Лазар

Print PDF

Лазар Лачимиќ денес-преглед на моделарските сајтови

Лазар Лачимиќ  кој е еден од најдобрите моделари на просторот на бивша Југославија,а сега живее и работи во Белград.Србија е тесно поврзан со развјот и успесите на  Аеро клубот во Охрид кој постоеше  до крајот на деведесетите години од минатиот век.

Лазар и денес е активен моделар,а по неговите патеки тргна и неговата ќерка Вања.

Неговиот брат Бошко исто така  т, врвен моделар,има Форум на Интернет кој е  еден од најпосетените на Балканот

http://boca55.proboardas.com

 

Лазар покрај компјутерот

Еве  што Лазар пишува за Нас на овој Форум.Текстот,заради сочувување на изворната форма го пренесуваме во целост.

 

 

Moj dobar drug i entuzijasta Dragan Cubric je pokrenuo prvi modelarski sajt u Makedoniji.

ICAR AERO MODELS:

http://www.icaraeromodels.com/

Dragan zivi u Ohridu, bavi se novinarstvom a hobi su mu mali modeli. Upoznali smo se pre gotovo 30 godina na mom prvom letovanju u Ohridu. Naime, setavsi se stazom pored jezera video sam decka kako proba "Cirusa" a zatim ulazi u jednu oronulu zgradu. Usao sam za njim i video pravi modelarski klub. Dragan im je bio instruktor a prve modele su pravili koristeci komplete CVM-a.
Kroz nase dugogodisnje druzenje, Draganovi juniori su napredovali, da bi jedne godine osvojili titulu republickog prvaka u F1A i F1B, pobedivsi cuvenog Djuru Gaberscaka i ostale ale.

Nazalost, opstina je iselila klub i nasla zgradi drugu namenu, pa je aero klub "Galeb" tako i ugasen.

Dragan je ostao veran svom hobiju i poceo je sa proizvodjom malih modela, sto se moze videti na sajtu.

Zelim mu mnogo uspeha i da sa ovim sajtom, ponovo pokrene modelarstvo u Ohridu.

Во Охрид постоеше моќен Аеро клуб

Print PDF

 

Во Охрид во 198о година група ентузијасти,љубители на воздухопловството формираа Аеро клуб кој го носеше името на нашиот град -Аеро клуб "Охрид".Меѓу нив беа Драган Чубриќ,новинар ,Михајло Арсеноски,тогаш ученик.Игро Балески,ученик,Зоран Тилев ученик.Борис Наумоски,ученик.Ни се приклучија Сашо Митаноски,Томе Љушев и други љубители на моделарството.

Седиштето на Клубот беше во зградата на поранешното Музичко училиште на крајот од Јане Сндански,сега ексклузивен објект за домување.

Почнавме скромно,да не може поскромно.Немавме материјали за изработка на аеро модели,малку искуство,но имавме голема љубов кон воздухополовството.

На  помош ни дојдоа во 1980 година преставници на  тогашниот Воздухопловен сојуз на Македонија.Со стручни совети и лично ангажирање најмногу ни помогна пилотот (тој подоцна го изведе првиот лет во независна Македонија),моделар и ентузијаст Ѓорѓи Чачкиров, тогашен секретар во Воздухопловниот сојуз.

Почнавме со изработка на едрилици од категоријата А1, Ф1А,потоа Ф1Б и Ф1Ц.Ова се слободни летачки модели.Едрилиците се подигнуваа со сајла од 50 метри,моделите Ф1Б се движеа на погон на гума,а Ф1Ц ги движеа минијатурни мотори со внатрешно согорување.Тие користеа  како гориво етер и рицинусово масло.

Само по една година од постоењето на натпреварот во слободно летачки модели во Битола, на спортскиот аеродром  во Логоварди, во вкупен пласман бевме трети.Се натперавувме со аеро клубови кои постоеја со децении.

Ни тргна добро.Зајакнавме и финансиски.Почнавме да купуваме квалитетни материјали од кои тогаш најтешко беше да се набави дрвото-балза од кое се правеа моделите (многу лесен материјал,најлесен),стекнавме искуство.

Голема помош во деведесеттите години од минатиот век имавме во врвниот воздухопловен моделар Лазар Лачимиќ од Белград, Србија.Тој со неговата сопруга  Данијела случајно дојде во нашиот клуб кај старото Музичко и оттогаш соработката почна интензивно.Немавме Интернет,а плановите,нацртите,посебно за натпреварувачките гумењари,ги добивавме по пошта,преку писма.Сега изгледа комуникацијата наивна, но такви беа времињата.Лазар како ценет моделар во Европа ни ги даде првите упаства за изработка на гумењарите Ф1Б.Како резултат на тоа нашиот член Михајло Арсеноски мошне брзо почна да победува на натпреварите во земјава во овој тип на модели.Михајло (Чајче) настапи и на Европското првенство за гумењари во Киев,Украина.

Набргу станавме почитуван Аеро-клуб кој го негуваше моделарството.

Нашиот член Зоран Аврамовски, на општо изненадување на македонските моделари,на аеродромот Мало Коњари кај Прилеп стана републички првак во  категоријата на модели Ф1А,Михајло Арсеноски ги освојуваше првите места во категоријата на гумењари.Митко Цветаноски стана републички првак во категроијата на едрилици А1,Екипно,многу често  ги освојуваме  првите места.

Набргу почнавме да изработуваме и  макети на авио модели,кои ги движеше минијатурен мотор,Тие беа радиоуправувани.

Првите искуства  со овие  модели беа болни.Ги кршевме моделите, ги поправавме, но не се откажувавме.Набргу изведувавме убави летови на Охридскиот аеродром.

Кога го достигнавме врвот во  моделарството,некаде во 1990 година,како и во другите клубови во земјава,престана финансиката поддршка од државата,и клубот полека, за жал, гаснеше.

Згасна во 1990 и во зградата каде што бевме се вселија нови станари,но во модерно изградени станови.

Претседатели ан Аеро0клубот "Охрид" беа Драган Чубриќ,Стефан пецаков,Илија Стојановски.

Сега клубот не е повеќе активен,но останаа многу моделари кои индивидуално се занимаваа со моделарството.Меѓу нив е Масин,Чајче,Драган и многу други.

Печатите се уште постојат.Се надеваме дека клубот некој друг ќе го заживее.

Го заслужува тоа

Моментално on-line

We have 7 guests online

Посетеност на сајтот

mod_vvisit_counterДенес35
mod_vvisit_counterСевкупно187554

Соработници

Banner

contakt

English Bulgarian Serbian Irish Macedonian

Барај

Developed by sam-digital.com