Почетна

Комбинација на познатиот "Спитфаер"

Print PDF

По подолго време поради технички и други проблеми,ви претставуваме еден модел на гумењар.

Тоа е комбинација на макета  и аеро модел на еден од најпознатите ловци од Втората светска војна-спитфајер.

Направен е исклучиво пд балза.Горниот дел од трупот што добро се гледа не е профилиран,туку е рамен.Кабината не одговара на оригиналот,туку е  комбинација.

    

Добро се гледа дека  е профилиран само предниот дел на моделот,додека  делот зад кабината е рамен.Крилата се прилично оригинални,како и хоризонталецот и вертикалецот.

Стојниот трап не е поставен  под крилата,туку на предниот дел од  трупот,што исто така не одговара на оригиналот на  овој познат ловец кој со харикените ја доби  "Битката за Англија" во Втората светска војна.

     

Од оваа позиција најдобро се гледа  моделот.Трупот е граден со лајсни од балза  со дебелина од 3 милиметри.Конструктивен е.Крилата се од балза со четири ребра.Хоризонталецот и вертикалецот се од лајсни и не се профилирани.

Стојниот трап е од челична жица од 1мм,а колцата се изработени од дрво на орев.Користи елиса од  20мм,а ја движат  по четири ленти од гума 1x3 мм.Тежи околу 90 грама.

Интересно е поврзувањата на крилата со трупот.Не се залепени за него, туку во посебен отвор  со  гумички се поврзани со трупот.Крилата можат да се вадат за да не зафаќаат простор во  домот каде што обично ги чуваме моделите,или во автомобилот.

Го летав на терени околу Охрид и лета одлично.Брз е,но и добро "лежи" во воздух.Може да едри како едрилица.

Не постои посебен план за него,бидејќи е правен според мои замисли и комбинации.

Лесни и убави,за долги летови

Print PDF

 

Мали гумењари,направени од балза.Дело се на американски моделари

Летаа убаво.користат една  лента на гума од 3x1 мм.Ги движи американска елиса од 15 сантиметри.

Имаа специфична конструкција.Крилото е залепено за трупот ,со што моделот добива во аеродинамичност.Има тап "нос" но тоа не се чувствува многу во летањето.Има многу осмислена конструкција.

 

Американски модел на гумењар.Користи иста гума како и  горниот модел.Има изненадувачко решение.Крилото не е поставени во "V" облик,ниту пак има ушки.Затоа на краевите на крилото поставен е профил,поширок од ребрата во крилото.Тоа му дава стабилност.

Најдобро лета во безветрено време ,бидејќи има нагласено тап "нос"која дава голем отпор.Во сала,во затворен простор тоа не му пречи многу.

Уште еден американски модел на гумењар.Многу е лесен.бидејќи е направен исклучиво од балза,а покриоен е со јапан хартија.

Лета многу убаво и на отворен простор.Ако имате специјално машинче за намотки на гумата и ако добро  го "наполните"  со намотки,може да лета подолго од една минута.

Ги имам летано,а и сега ги летам сите овие модели на гумењари.

Летаат прекрасно,ви го разубавуваат,најчесто викендот.Тогаш имам време за нив.

Летовите со овие модели се за уживање.

 

Модели на гумен погон -одлични летачи

Print PDF

      

Модел на гумен погон "Пеперутка".Распон на крила: 30 сантиметри                                                   

Должина на труп: 26 сантиметри

цена: 5 евра 

 

       Модел на гумен погон "Џуниор".Распон на крила: 42 сантиметри

       Должина на труп: 32,5 сантиметри

       цена:5,5 евра

  

Модел на гумен погон "Колибри".Распион на крила: 40 сантиметри

Должина на труп:32,5 сантиметри

цена 5,5 евра

   

Модел на гумен погон без стоен трап и колца.Распон на крила: 45 сантиметри

Должина на труп: 35 сантиметри

цена:6 евра

 

 

 

Моментално on-line

We have 4 guests online

Посетеност на сајтот

mod_vvisit_counterДенес9
mod_vvisit_counterСевкупно195632

Соработници

Banner

contakt

English Bulgarian Serbian Irish Macedonian

Барај

Developed by sam-digital.com