Почетна

Гумењар од балза-нискокрилец

Print PDF

Балзата е основен материјал во моделарството,иако сега се појавија други материјали,како што е депронот.

Со овој материјал (балза) се прават најубави и најлесни модели.

Еден од нив е и овој нискокрилец -силуета.

Трупот му е од балзово стапче 3x6 мм.Кабината   е од  балза,крилата од балза 2мм и не се профилирани.Хоризноталецот се прави од балза од 1мм,исто така и вертикалецот.

За овој модел на  гумењар користев гума 1x3 мм,елиса од 5,5 инчи,но и специјален "нос" кој го носи стојниот трап од челична жица и  осовината од елисата.

Тежи петнаесеттина грама и можм да ви кажам дека се изненадив колку добро лета.Се "качува" петнаесеттина метри и по завршувањето на работата на елисата лета како лизгач.Воодушевен сум од неговите карактеристики.Го видов кај еден американски моделар,но не е негова копија.

Ви посакувам убави летови,иако зимата не е погодна за тоа.Но,има и некои сончеви зимски денови.Пронајдете ги.

Хеликоптер на гума

Print PDF

Ви претставувам за прв пат хеликоптер на гума.Додуша тоа е профил на хеликоптер,но е многу добар летач како во затворен простор,така и на отворено.

За жал поради можноста на сајтот не сум во прилика да ви го прикажам во права големина.

Но,како и да е хеликоптерот се прави од појак лист на хартија (обликот),на кој може да се нацрта пилотот и да се напише нешто по ваша желба.

На оваа слика се гледа костурот на хеликоптерот врз кого се залепува обликот на хеликоптерот од хартија.

Се прави од летвички балза од 1,5 мм.

Овој хрликоптер има еден ротор од балза од 2мм.Треба да се профилира.Вториот ротор е обична жица од 0,8мм на чиј крај е поставено олово.Многу е важно роторот од балза и оној од жица добро да се балансираат,да не фрла кога ќе се пушти хрликоптерот.

Роторот од балза се лепи на носач од балза од 2,4мм кој се сече под агол од 45 степени.Низ него се провлекува осовината,која потоа се витка под агол од 90 степени чиј крај е роторот од жица,кој е баланс на роторот од балза.На осовината треба да се става перла,а минува низ посебно цевче од пластика,малку пошироко од жицата за осовина.

Летвицата долга што минува речиси на средината на хеликоптерот е со дебелина од 2мм,а на неа се поставува системот за вртење на роторот,а на крајот едно шпенигле за прицврстување на задниот дел на гумата.

Користи гума ид 2x2 мм.

Моделот има обртен момент,но е максимално елиминиран со телото на хеликоптерот од хартија и со вртењето на само еден ротор.

Верувајте ми лета од рака,од земја.Во соба можете да го пуштате колку што сакате.Се качува на врвот на таванот.

А,надвор лета и преку дваесеттина метри високо.

Димензиите на моделот  можат да се зголемат во Фотошоп.

Ако  не успеете, јави те се на нашиот контакт.

 

Гумењак за во сала

Print PDF

 

Моделар држи в рака модел на гумењак,такавикан собар,кој лета  во затворен простор,најчесто во сала.

Изработен е од тенки летвички  балза (многу лесна балза),а покриен е со специјална фолија,која се изработува на посебен начин.

Искусните моделари го знаат тоа.Може и со јапан хартија,но ќе биде тежок за неговата категорија.

 

Користи елиса изработена од тенка балза на посебен калап.Најчесто моделарите тоа го прават на шише,со тоа што елисите се поставуваат под агол од 30 степени.На фотографијата има индустриска елиса,но таа е тешка и послабо влече.

Трупот е исто така од балза,а користи гума пирели 1x1мм.Таква гума тешко се наоѓа па затоа моделарите ја сечат со посебни режачи.Можат да се набават во продавници во странство ,или ги изработуваат некои искусни моделари.Такви режачи има познатиот моделар Лазар Лачимиќ од Белград.

Убав лизгач од балза

Print PDF

Почитувани мои моделари.Пред вас е моделна лизгач,со интересни решенија

Трупот е израборен од карбон (вообичаено се користи крајниот дел на стапот за риболов,кој е најтенок и најлесен),крилата,вертикалецот и хоризонталецот се од балза.

Крилото е профилирано, (3мм) тоа значи дека со шмирглање се добива соодветен профил.Вертикалецот  е од балза 2 мм,а хоризонталецот  од балза од 1 до 2 мм.

Лета убаво.Има долги летови доколку добро се фрли.

Димензиите треба да ги одредите сами.Ова важи за искусните моделари.

Среќни летови!

Едноставен,но добар летач

Print PDF

 

Ви ја претставуваме конструкцијата на гумењар на дизајнерот Дарси Вајт од Отава,Канада.Моделот го нарекол верверичка.Навистина не личи на тоа мало животинче,но лесно се прави и е добар летач.

Трупот му е од балза,има елиса од  6 инчи.Користи гума 1x3мм.

Што е интересно кај овој модел.Крилата се рамни без профил,а ушките се поставени под  агол од 70 степени.Дури некои од овие верверички имаат хоризонталци, вертикалци и ушки кои не се целосно направени од балза.Нивната форма ја прави јапан хартијата со неколку летвички.

   

Моментално on-line

We have 18 guests online

Посетеност на сајтот

mod_vvisit_counterДенес58
mod_vvisit_counterСевкупно177910

Соработници

Banner

contakt

English Bulgarian Serbian Irish Macedonian

Барај

Developed by sam-digital.com