Почетна

Висококрилец на гума

Print PDF

Моите млади соработници Митко и Александар,својствено на нивниот младешки елан,се зфатија со конструкција на висококрилец на гума  и тоа од депрон.

Успешните летови на овој модел покажаа дека конструкцијата и пресметките беа идеални.

Трупот е од липово стапче над кое има обликуван дел,гумата 1x3 мм,елисата 6 инчи,крилата,хоризонталецот,вертикалецот се од депрон и не се профилирани.

Овој вид на депрон кој е покриен со фолија во боја  и е потежок од обичниот депрон,но сепак може да се прават модели што летаат,а тоа е најважно за секој моделар.

   

Гумењар со два трупа (П-38)

Print PDF

Младите моделари се многу иницијативни.Јас им кажував за модел на гумењар со два трупа,а тие веднаш посакаа да го направат.И,го направија од депрон.Вакви модели ги прават моделари низ светот и обично како урнек се зема позантиот американски ловец од Втората светска војна "Лајтнинг п-38".И ние  ја зедовме таа конструкција иако моделот малку личи на овој авион.

Кај моделарите што се разбираат во аеродинамиката постојано постои стравување дали на ваков модел ќе делува обртниот момент на елисите.Вообичаено е една елиса да врти на една страна,а другата на друга страна заради елиминирање на обртниот момемент.

Ние тоа не го направивме,двете елиси вртат во една страна и ОБРТЕН момент не се појави.

Моделот летна без поголеми проблеми.

Користевме липови стапчиња за труповите,елиси од шест инчи,гума 1x3 мм.Тоа се покажа како добра комбинација и што е најважно-успешна.Носовите кои ги држат елисите ги набавивме од производител во САД.

Наскоро вакви носеви ние сами ќе произведуваме.Калапот се работи,како и за оној за елисата.За тоа посебно ќе ве информираме.

 

Профил на модел на "фокер"

Print PDF

Продолжуваме со прикажување на модели на гумен погон изработени од депрон.Ги прават моите соработници,млади моделари.

Овој пат е такавикан  профил на "фокер" D-8 ,еден од подобрите авиони во Втората светска војна.Само што овој е од депрон и од липово стапче.

Користи гума 1x3 мм,елиса од 6 инчи,има посебно изработен нос на која е поставена елисата,Индустриски е направен во САД.И колцата се нарчани од производител од оваа земја.

 

Постојано пишувам дека моделите добро летаат.Тоа е вистина бидејќи се работи за квалитетно изработени летала,со добро тежиште,добра елиса и што е најважно, имаат соодветни димензии.

Моделите имаат мала тежижина, окоу 12 до15 грама што е особено важно за вакви гумењари.Поголема тежина не  ги дава очекуваните резултати.

Ова го знам од искуство.Можете се добро да направите,ама ако моделот е тежок,лета слабо и несигурно.Тогаш безпотребно се менува тежиштето,се зголемува или намалува нападниот агол на крилото,потоа на хоризонталецот...

 

 

Гумењар во боја

Print PDF

На денешното летање кај  Спортскиот центар во Охрид моите млади соработници Димитар и Александар ме изненадија со еден свој модел на гумењар.Го направиле во боја,ама од депрон.Изгледа убаво,а и лета задоволивачки со оглед на тежината на материјалот.

Ветрот беше јак за  модели со вакви димензии,меѓутоа направивме убави летови.

Моделот користи стандардна елиса и гума,има стоен трап со колца.Достигнува  височина од преку 15 метри.За мене беше интересно што моделот лебдеше по завршувањето на работата на гумата иако нема профилирано крило.

Кобинацијата на бои е тоа што освојува кај овој мкдел.Едноставно ги дразни сетилата.А,згора на тоа и лета.Како што рече еден од присутните на терен-многу е важно моделот убаво да лета.Тоа е најголема радост за моделарите.

Се согласив.

Гумењар на охридски моделари

Print PDF

Во Охрид делува група на млади моделари.Се зафатија и со конструкција на модели на гумењари.Тоа сега го прават младите Димитри Димитров и Александар Јосифоски.Се зафатија дури и со конструкција на делови -пластични за своите летала.

Интересно е што во Охрид воздухопловни  ентузијасти работаат на конструкција и производство на сопствена елиса,која не се прави никаде на Балканот.

Овој пат ви претставувам еден нивен модел.

Има затворен труп (користеа депрон),мала кабина обложена со фолија,стоен трап со колца и елиса од 6 инчи.Крилото е рамно без профил и е поставено многу напред поддалеку од хоризонталецот,што на моделот му дава убави летни карактеристики.

Моделарите користеа гума 1x3 мм.Најпрво беа во дилема дали гумата ќе биде доволно моќна да подигне еден ваков модел кој,патем речено  е многу лесен.Првите летови покажаа дека и елисата и гумата одговараат на карактеристиките на гумењарот.

Овој гумењар е убав за гледање,но најважно е што убаво лета.

Сега младите охридски моделари почнаа да работаат модели на депрон во боја.

Набргу ќе ви прикажаеме и такви модели.

Ќе треба да им се придружам,иако балзата ја сметам за "кралица" во моделраството.

 

Моментално on-line

We have 1 guest online

Посетеност на сајтот

mod_vvisit_counterДенес34
mod_vvisit_counterСевкупно187552

Соработници

Banner

contakt

English Bulgarian Serbian Irish Macedonian

Барај

Developed by sam-digital.com