Почетна

Наша "Цесна"

Print PDF

Моите соработници,млади,конструираа "цесна",која ја нарековме "наша".

Трупот има карактеристики на "цесна",но крилата се од друг модел на авион.Хоризонталецот и вертикиалецот личат на "цесна"

Тоа е мало објаснение за да се знае зошто овој модел е "наша цесна".

Трупот е затворен,а крилата се без профил.

Многу битно- обрнете внимание на елисата-досега не сте ја виделе и стално досега кажувавме за американски и чешки елиси.

За оваа елиса следи интересна приказна во друг текст.

 

Моделот на овој гумењар го пробавме и лета одлично.Во погоден момент ќе ви прикажеме и видео материјал за неговиот лет за да видите дека навистина лета убаво.

Модифициран "Фарман"

Print PDF

Конструиравме модел на гумењар "Фарман" познат француски авион во Втората светска војна.Го направивме по наши нацрти и лета одлично ако има подолга гума.

Трупот му е затворен,носачот на елиса е посебно изработен,а има и индустриски произведен носач на стајниот трап кој е расклоплив.Ќе го видите на една од фотките.

Модифициран е ,бидејќи стојнот трап од страна е затворен со плочи дрвенима крилата имаат затеги за да се поцврсти.Тоа е во оригиналнаѕа верзија.

Кај стојниот трап се гледа посебниот носач направен од пластика

за овој модел користевме депрон,елиса од 6 инчи,гума 1x3 мм.

Посебно треба да се внимава при конструкцијата на трупот.Во внатрешноста поставивме две ребра од балза токму под крилата со што моделот доби на цврстина.Исто така,предниот дел е од балза од 4 мм.Во неа се вметнува цилиндричен носач на елисата.

 

Моделот можете да ги видете како лета во одделот "видео" на нашиот сајт

 

 

Гумењар со коси ушки

Print PDF

Го нарековме гумењар со коси ушки,бидејќи тоа е карактеристика на овој модел,кој го прават американските моделари од балза,но и јапонски и други моделари.Има повеќе варијанти.

Ние го направивме (Митко у уште ден моделар) од депрон.Лесен е и сигурен во летањето.

Користи елиса од 6 инчи,гума 1x 3 мм,но труп  10 x5 мм е од балза  со што се добива многу лесен модел.

 

Го летавме во Охрид со големо задоволство.Моделот е добар летач,само треба да се има соодветен материјал и  - волја.

Неговиот лет можете да го погледнете на нашиот сајт во одделот видео.

"Верверичка" од летвички од балза

Print PDF

Интересниот модел "врверичка" на еден американски моделар го направивме во неколку варијанти.

Овој пат целиот модел е од балза.За трупот кристевме балза 10x5 мм,за крилата летвички од балза од 2x2 мм,како и за хоризонталецот,вертикалецот и такавиканите ушки на крилата.

Носечките површини се покриени со јапан хартија што го прави уште полесен.

Користи гума 1x3 мм,елиса од 4 инчи,а има и стоен трап.

Се на се' тежи околу 12 грама што многу добар сооднос з ваков модел."Верверичката" поради малата тежина едноставно "стои" во воздухот.Тешко се приземјува.

 

Лета толку убаво што ќе  го освои и човекот кој никогаш немал врска со воздухопловното моделарство.

Мини "верверичка" од балза

Print PDF

Ова е дел од моделите на гумењари од типот "верверичка" само што оваа е  во мини форма и е изработена од балза-кралица на моделараството.

Трупот е од летвичка   балза 10x5 мм,крилата се од 1,5 мм,ушките од 1 мм балза,како и вертикалецот и хоризонталецот.

Користи елиса од 4,5 инчи,гума од 1x3 мм и специјално изработен нос,поточно сериски  произведен.

Моделот е многу лесен и, што е најважно е брз и стабилен што можев да се уверам од денешните летови.Подготвуваме и видео-клип од овој модел кој ќе го поставиме на сајтот кога во Охрид нема да дува силен ветер.Денес дуваше многу силен северен ветер.

Забележавме дека моделот "мини верверичка" лета многу брзо поради малата тежина, добрата елиса И гумата од 1x3 мм.

Задоволството ни беше големо бидејќи добивме модел кој  дава прекрасни моменти на среќа со своите убави и брзи летови.

Моментално on-line

We have 3 guests online

Посетеност на сајтот

mod_vvisit_counterДенес34
mod_vvisit_counterСевкупно187553

Соработници

Banner

contakt

English Bulgarian Serbian Irish Macedonian

Барај

Developed by sam-digital.com