Почетна

Гумењар хидро-хорнет

Print PDF

Пред вас е  модел на гумењар,ама хидро-гумењар.Го искористивме нашиот модел "хорнет" на кој му поставивме пловки,но му ја изменивме и конструкцијата.

Пловките мораа да бидат лесни.Депронот и тука не извлече.Користевмме гума 1x5  мм.

 

 

 Стравуваме дека пловките ќе дадат многу голем отпор,но со поставувањето на појака гума  го елиминиравме тој проблем.

Овој модел можете да го видете како лета на видео клип во одделот Видео

Гумењар "Мил-55"

Print PDF

Во неколку наврати ви прикажавме модели на хеликоптери (профили) на гумен погон.

Овој пат еве еден гумењар од нашата работилница изработен од депрон.

Има затворен труп,крилата се без профил,а хоризонталецот е поставен во минус 2 степени.Тоа мораше да се напраави за да оствариме убав лет.Тежиштето на моделот е на 30 насто од напaдната ивица на крилото.

За искусните моделари ова се интересни вредности,но експериментите ни покажаа дека со овие карактеростики моделот Мил-55 лета многу добро.

Не е на одмет да кажеме дека ја користевме елисата од наша производство која покажува извонредни ефекти.Користевме гума 1x 5 мм.Со други елиси ваква ширина на гумата прави проблеми.Брзо одвртува,моделот нагло седнува на опашка и од летањето нема ништо.

Комбинација на хеликоптер и модел на гумењар

Print PDF

Комбианција на хеликоптер и модел на авион.За елиминирање на силниот обртен момент на овој модел ги искористивме крилата од нашиот  гумењар "хорнет".

Комбинацијата се покажа како многу успешна и моделот лета многу високо.Идејата беше на Димитар и Александар кои прераснуваат во вистински моделаир-конструктори.

Користи гума 1x5 мм поради зголемената тежина-подолг труп и потешки крила.На овој модел поставивме и  вертикален стабилизатор така што по престанувањетон на работата на елисата оваа комбинација на хеликоптер и  гумњар-модел слетува контролирано.

"Наш" "Мустанг" на гума

Print PDF

Ова е "наш" "Мустанг".Го направивме заедно со моите соработници Димитар и Александар.Има наша елиса,носачи на крилата,колца и нос за осовината на елисата.Обоен е со специјална боја.

Не ставивме кабина ,бидејќи таа му дава дополнителна тежина.За вака мали модели секој грам е битен за летањето.Во тоа се уверивме неколку пати.

Заради илустрација,носачите на крилата,такавиканото "V",двата, тежат не цел грам.

 

Моделот користи ТАН 2 гума 1x3 мм.

Моментално  нарачавме  на поголеми количини на ваква гума, депрон и  балза од Англија.

Ги произведовме сите пластични делови за гумењар

Print PDF

По многу напори,ангажман на стручњаци,воздухопловни експерти,денес успеавме да  ги произведеме сите потребни пластични делови за мали гумењари.Направивме елиса,нос за елисата низ која поминува осовината,колца,носачи на крилата во "V" облик кој е и  најбрааниот дел кај моделарите.Овие носачи се подвижни и со нивно поместување може да се  погоди тежиштето.Со лепење тоа не е можно.Мора да се оштети и трупот а и крилата ако се бара ново тежиште.

Предноста на "V" ностачите е во тоа што тие се движат на трупот а и крилата не мора да се лепат.

Еве како изгледаат носачите на крилата со потребно "V" поставени на трупот од балза 10x5мм

                                                                  

Носачите на крила снимени од друг агол.

 

На фотката прва се гледа елисата,носот ,колцата носачите на крила,а на втората како се поставуваат крилата во "V" носачите.

Комплетен гумењар со сите пластични елементи,

Преднста на овие "V" носачи е во тоа што се подвижни и можат да се користат за крила по димензија што ќе ја одберете.

Во нив влегува крило со дебелина од 3 мм,било да  е од балза или од депрон.

Наскоро моите соработници во паркот на Градскиот плоштад ќе извршат презентација на многу модели и на хеликоптер,

За датумот  благовремено ќе ве информираме.

 

 

 

 

 

 

Моментално on-line

We have 21 guests online

Посетеност на сајтот

mod_vvisit_counterДенес36
mod_vvisit_counterСевкупно187555

Соработници

Banner

contakt

English Bulgarian Serbian Irish Macedonian

Барај

Developed by sam-digital.com