Почетна

Гумењар "верверичка" што брзо лета

Print PDF

По долго размислување поради конструкцијата,решивме да го направиме моделот на гумењар наречен "верверичка" од неговиот конструктор,моделар од САД.Најмногу дилеми имавме дали ќе има бочна стабилност поради непостоењето на ушки на крилата или "V" облик.

Го направивме моделот и видовме дека бевме во непотребна дилема."Верверчката" леташе стабилно,брзо и високо и тоа во неповолни временски услови.Ја направивме од депрон и се покажа како добар потег.При експерименти не треба да се троши скапата балза.

Овој модел е навистина чуден.Има рамен центроплан,а на краевите под 90 степени се поставени такавикани ушки.Тука е и главниот "штос".Тие на моделот му обезбедуваат бочна стабилност.

Ние моделот во однос на оригиналот го изменивме.Подолг е,има подолги,но потенки крила,а и хоризонталецот и вертикалецот се со поинаков облик.

Се прави многу брзо ако користите депрон и ако имате елиса,носач на осовината на елисата,елиса.Не вреди да се прават овие делови поединечно.

Неговиот лет можете да го видите на овој сајт во одделот "ВИДЕО"

Гумењар со два трупа (П-38)

Print PDF

Младите моделари се многу иницијативни.Јас им кажував за модел на гумењар со два трупа,а тие веднаш посакаа да го направат.И,го направија од депрон.Вакви модели ги прават моделари низ светот и обично како урнек се зема позантиот американски ловец од Втората светска војна "Лајтнинг п-38".И ние  ја зедовме таа конструкција иако моделот малку личи на овој авион.

Кај моделарите што се разбираат во аеродинамиката постојано постои стравување дали на ваков модел ќе делува обртниот момент на елисите.Вообичаено е една елиса да врти на една страна,а другата на друга страна заради елиминирање на обртниот момемент.

Ние тоа не го направивме,двете елиси вртат во една страна и ОБРТЕН момент не се појави.

Моделот летна без поголеми проблеми.

Користевме липови стапчиња за труповите,елиси од шест инчи,гума 1x3 мм.Тоа се покажа како добра комбинација и што е најважно-успешна.Носовите кои ги држат елисите ги набавивме од производител во САД.

Наскоро вакви носеви ние сами ќе произведуваме.Калапот се работи,како и за оној за елисата.За тоа посебно ќе ве информираме.

 

Гумењар од балза-нискокрилец

Print PDF

Балзата е основен материјал во моделарството,иако сега се појавија други материјали,како што е депронот.

Со овој материјал (балза) се прават најубави и најлесни модели.

Еден од нив е и овој нискокрилец -силуета.

Трупот му е од балзово стапче 3x6 мм.Кабината   е од  балза,крилата од балза 2мм и не се профилирани.Хоризноталецот се прави од балза од 1мм,исто така и вертикалецот.

За овој модел на  гумењар користев гума 1x3 мм,елиса од 5,5 инчи,но и специјален "нос" кој го носи стојниот трап од челична жица и  осовината од елисата.

Тежи петнаесеттина грама и можм да ви кажам дека се изненадив колку добро лета.Се "качува" петнаесеттина метри и по завршувањето на работата на елисата лета како лизгач.Воодушевен сум од неговите карактеристики.Го видов кај еден американски моделар,но не е негова копија.

Ви посакувам убави летови,иако зимата не е погодна за тоа.Но,има и некои сончеви зимски денови.Пронајдете ги.

Оригинално решение на моделарот Л.Лачимиќ

Print PDF

По подолго време ви нудам едно интересно решение за изработка на крило.То го прави познатиот аеро моделар од Белград Лазар Лачимиќ.Тој успеал да спои балза и депрон-многу лесен материјал.Преднио дел на крилото го прави од балза, една третина од крилото,а останатиот од депрон.Меѓу себе ги лепи со специјално бело лепило "Хенкел"На тој начин штеди балза ,а добива и многу јако крило.

Поле лепењето предниот дел на крилото се шмиргла во замисленот облик на профил за задниот со депрон не.Тој само се свиткува кон долната страна за да се добие саканиот профил.Крилото е цврсто,но може да се корсти само за крила до 20 сантиметри должина.Подолгите ја немаат потребната цврстина.Ако сакате да направите подолго крило со оваа комбинација требате да вметнете рамењача на средината на крилото и нападна и излезна ивица од балза.

 Лизгачите на Лачимиќ

 

contakt

Моментално on-line

We have 7 guests online
English Bulgarian Serbian Irish Macedonian

Посетеност на сајтот

mod_vvisit_counterДенес26
mod_vvisit_counterСевкупно249717

Соработници

Banner

Барај

Developed by sam-digital.com