Почетна

Pacific Ace од 13 инча

Print PDF

Драги мои пре вас е модел на гумен погон Pacific Ace од 13 инча.Тоае е мал модел,но има одлични летачеки перформанси.

Направен е од балза, и само еден дел од депрон.

Трупот е направен од летвички од балза,крилата се од летвички од балза,со ребра од балза.Користена е балза од 1,5 мм иза крлата  и за трупот.

Хоризонталниот и вертикалниот стабилизатор се направени од депорн.

Моделот го движи елиса од 6 инча од производителот Peck Polymers.Користевме гума 1x4 мм.Тежи околу 15 грама.

Лета околу 20 секунди и достигнува висина од околу 15 метри.

PACIFIC ACE одличен летач

Print PDF

Сакам да ви ги претставта Pacific Ace,одличен модел на гумен погон.Овој е направен од изофлор,специјален материјал.

Распонот на крилата е 30 инча,должината околу 600 мм.Крилата е направени со специјален метод,имаат соодветен профил.

Користи дрвена елиса од ,направена на посебен клап од лајсни од балза со дебелина од 2мм.Елисата е долга 9,5 инчи.Нејзе ја движат четири  нишки пирели гума со димензии 1x3мм.

Моделот тежи некаде ололу 45 грама.

Лета на висина од триесетина метри,а летот трае над две минути,но со подолга гума.

Легендата "Марабу"

Print PDF

Пред вас почитувани е легендарниот модел на гумен погон "Марабу".Има распон на крила од 700 милиметри.должината на трупот е 500 милиметри.

Направен е од балза,а покриен со јапан хартија.Користи елиса од  8 инчи,која ја движи гума "пирели" од 1x3 mm.За овој модел на "Марабу" потребни се три нишки од ова гума.

Елисата е дрвена,направена со специјален калап од  пет летвички балза кои се долги 240 мм,широки 10 мм,а дебелината е 2мм.Летвичките се лепат една на друга и се поставуваат на калапот кој има двестрани од по 45 степени.

Моделот тежи 38 грама.Одлично лета и со 80 намотаи.

"Хорнет" од балза и јапан хартија

Print PDF

Ова е моделот "Хорнет" направен од балза и покриен со јапан хартија.Конструкцјата на крилата е специфична и нема профил,туку е рамна површина од долниот дел.И покрај тоа, поради големината  на крилата (голема носечка површина за ваков модел),лета високо и одлично.

Трупот  е од балза со дебелина 10x 5 мм.Елисата е од балза од 8 инча.Користи две нишки гума Тан-2 со димензии 1x3мм.

Има стоен трап со две тркала.Тежи некаде околу 20 грама.

"Yard Bird" од депрон и од балза

Print PDF

Пред вас е нашиот нов модел "Yard Bird".Направен е од депрон (труп,хоризонталец,вертикалец),но и од балза- крилото.Овој модел на гумењар е многу популарен  кај американските,шпанските и англиските воздухопловни моделари поради убавите и долги летови, но и порад дизајнот.

При изработката на трупот,хоризонталецот и вертикалецот  користевме депрон со дебеленина од 3 мм.

Крилото е изработено од балза.За ребрата користвеме балза од 1,5 мм,за нападната ивица на крилото балза од 3 мм и за излезната ивица на крилото исто така балза од 3 мм.

Целото крило е покриено со такавикана јапан хартија,која на конструкцијата на крилото се лепи со нитро-лак,потоа се прска со вода, се чека водата да се исуши,па се лакира јапан хартијата со разреден нитро-лак три пати.

Ова крило е полесно од крилата правени од стиродур и други слични материјали.Освен тоа со ребрата од балза ги сочувуваат аеродинамичните карактеристики на крилото што на моделот  му овозможува стабилни и долги летови.

Користи рачно изработена елиса од балза од 7,5 инча.

contakt

Моментално on-line

We have 2 guests online
English Bulgarian Serbian Irish Macedonian

Посетеност на сајтот

mod_vvisit_counterДенес35
mod_vvisit_counterСевкупно256538

Соработници

Banner

Барај

Developed by sam-digital.com